Животна глад окована во гнев Огномети за триумф обоени во крв Проклето семе во проклето време Со свој камшик на братот по грб Студени души, искинати за корка леб Спремни да го згазат својот интегритет Огнот те голта Кон дното те трга По отворени рани Боде ножот крвав Сонувај низ решетки, танцувај во страв Други ти го коваат неславниот крај Задолжен со омраза, вечен си слуга Гладувај и сонувај слобода друга А сон нема, само празна надеж те колва Господари лагата, како стрела одиш право кон бездна Врзани јазици, јамки околу вратот Роден за краткотрајни радости и долги страдања Огнот те голта Кон дното те трга По отворени рани Боде ножот крвав