Повторно се врти сега сè во еден круг Јас те сакам тебе ти си вљубена во друг Срцето мое ти го остави да пати Љубовта ја зема таа нема да се врати Те сакам повеќе од самиот себе Да се родам пак би умрел повторно за тебе Би те чувал би те пазел исто како бебе Знам сите би ти завидувале на тебе Срцето твое како камен е нема топлина Како најладната Сибирска зима За нас го молам Бога често да се моли Немам сила повеќе, не! Премногу боли Кога немаш свое знам туѓото го крадеш Кога немаш срце ти немаш што да дадеш Сега сум сам и тишината со мене плаче Сега ветерот ме гали место твојте раце Реф. Ова мое срце знае сè Не можам ни ден јас без тебе Ова мое срце знае сè Те сакаше, а ти го предаде Ова мое срце знае сè Не можам ни ден јас без тебе Без тебе Ова срце сакаше Сега лесно ти е сите се до тебе На врвот сега си ти заљубена во себе Кого ќе го бараш кога сите ќе ти свртат грб А срцето те боли ко пресечено со срп Дали ќе помислиш ти повторно на нас Дали ќе сфатиш ти баш што ти значев јас Дали за сè ќе се покаеш ти Или гордоста те држи ти истата си Ако ме прашаш мене простено ти е За сите гревови твои направени кон мене Како ти е тебе знам и колку ти е тешко Јас поминав низ пекол сега тебе ти е жешко Утре е нов ден ќе биде посебен Утре е нов ден ќе биде различен Ќе бидам среќен и да не бидеш ти моја И сите темни слики ќе ги претворам во боја Реф.