Во градот свети реката Сложно братство, ѓубриња Ако треба ќе се удават И плиткото е длабоко кога немаш сила Намести фризура и гладувај Од магаре до сајбер самица И чекај да те прогласат За личност или нација Помоли се тој до тебе да пропадне Крив е што си проклето неспособен Ти се роден гениј, чекаш шанса Штета космосот е против тебе А и без таблета заспиваш Само кога наредби извршуваш Барај го најглавниот Знаеш што е добро за тебе Мрази ама слушај го Ќе расте кога ти ќе слабееш Помоли се тој до тебе да пропадне Крив е што си проклето неспособен Да сакаш некој, нешто без да погалиш Ѕверот кој те нахрани со гнев И запамти во победа си поразен Џуџе зависно од признание Не барај многу, само да го погалиш Ѕверот кој го нахрани со гнев