Kishore Kumar Hits

Funk Shui - Chaj lyrics

Artist: Funk Shui

album: Nikogash Pak


Сам
И насмеан ко дете
Зошто е ново време,
Зошто е нов век
Што повеќе
Откривам од себе
Околината попристојна
Бејбе
Ставот
Е тој што ќе ме крене
Ставот истотака
Тука ќе ми предизвика сериозни проблеми од социјален тип
Кои за да ги решам ќе биде потребно да ја инкорпорирам
Трансгенерациската порака "Наведната глава-сабја не ја сече"
А тоа искрено не ми е ниту во план ниту во кодот, ниту во кодексот
Фала на вниманието
Сериозно
Би бил и шеф
Би бил и ѓезве
Зошто очигледно
Ништо нема везе
Малку е тензично, малку е познато
Малку е круг, малку времето менува расположение
Многу е проѕирно, многу е стаклено
Многу е круг, малку времето менува...
И не е страшно што
Што ништо овде не е во ред
Страшно е тоа
Што на сите ни е ОК
Феномен на ракија, ајвар и пиво
Продај се на друг начин, ново ниво
Е колку ми е убаво
Што те гледам ваков
Насмеан и среќен
Пролетен и цветен
Ил' ми е матен видот
Ил' близу ти е ѕидот
Или прашањето
Единствено остана живо
Што ако можам да видам
200 години напред
Кога сум роден
Во 16 век
Но ако сите се будали
Јас сум луд
А немаше
Да биде така ако
Изминативе
30 години
Не работевме за колку
Наместо за што и како
Смотаници
Денар врзан е за евро
Кој кого донесе
И кој мисли на export?
Малку е тензично, малку е познато
Малку е круг, малку времето менува расположение
Многу е проѕирно, многу е стаклено
Многу е круг, малку времето менува...
И не е страшно што
Што ништо овде не е во ред
Страшно е тоа
Што на сите ни е ОК
Феномен на ракија, ајвар и пиво
Продај се на друг начин, ново ниво
Сè е ОК

Поcмотреть все песни артиста

Other albums by the artist

Similar artists