Чекај зимата да помине и после заборави ме Што ќе ти е ќебе кога топло е време веќе? А мене и мојто бреме Едина рима ни е невреме Во твојот ведар ден, ние вишок сме Многу чудно, многу чудно Како снегот избледе Се исплаши, се сокри во твоите прегратки мокри, мокри Срамот пусти нѐ оддалечи Срамот на дедо ми и татко ми Одам на стаклени нозе А патот кон тебе е грозен, верувај А колку силно да извикам? Или гроб да си откопам? Пак нема да знам Дали ќе ме чуеш, дали, дали? А оставам на случајот Нека се истопи снегот Пука мразот кој во снегот Држеше возот, кој никогаш не тргна А нѐ остави случајот во овој, во овој голем град Со мали луѓи, а гаражите сега, чукаат на врата ♪ Еве зимата ќе помине Колку-толку, живи сме Доволно да убаво време осеќаме Од душа е сево ова, оваа душа разумна Да беше разумот душа, веќе луд ќе бев (да, да) Дали мој збор те допира? Дали намалува далечина? Ил' ти само бел лик негува? Кажи ми, дали си- А би се будел само за тебе Во соба со студ северен А би се будел во мене, ако ми дадеш да заспијам Ќе бидам ведар како дрен Нема да знам студ што е До пет сабајле Дали ти е гајле? Дали ти е гајле? Не заборавај да заборавиш Сите, сите ноќи непреспани Сите лирски реченици Сето чувство во спомен Кој е олку глув ♪ Имам сон, имам сон, имам сон Јас имам, јас имам Јас имам, жими се Имам сон, имам сон (имам сон, имам сон) Имам сон (имам сон) Јас имам, јас имам, јас имам