Верувам во искрени мисли Уморни од обиди Само времето ги направи навика Нема случајни погледи Ниту многу нови приказни Сè што веќе постои направив Зборови истрошив, ти објаснив Сè се промени Зборови не троши, покажи ми Дека тука си Верувам во сонови, молк Вистинити одговори Само тивка сум и тишина ме двои Во непредвидливи разговори И бесмислени изговори Без глас ти одговорив, ме слушна ли? Зборови истрошив, ти објаснив Сè се промени Зборови не троши, покажи ми Дека тука си Момент ми треба за спокој Момент ми треба за мир Зборови не троши, покажи ми Дека тука си