Kishore Kumar Hits

Mizar - Juda lyrics

Artist: Mizar

album: Terrible Beauty Is Born


Над градот сиво сонце се бори со облаци,
под нив се дига врева од ѕвонци и клопотарци.
Најнапред оди Јуда со своите разбојници,
од уста дождови му врнат од пцости и гадости
Ѕвона ѕвонат, земја ќе се раскине,
место љубов – лагата нè обзеде.
Од небо на златни крилја гулаб долета,
на главата му бело писмо и црна судбина.
И во него слово до сите бедници,
историја со два краја, меч со две острици.
Ѕвона ѕвонат, небо ќе се истури,
место љубов – лагата нè победи.
Ѕвона ѕвонат, земја ќе се раскине,
место љубов – лагата нè обзеде.
Ви надевам тежок јарем – право на слобода,
во една рака трнлив венец и кама во другата.
Пред вас е сугуба река со два ракавци,
едниот се вика правда, другиот страдање.

Поcмотреть все песни артиста

Other albums by the artist

Similar artists