Со тимпани и труби, торжества, Го дочекаа младиот цар На постела од свила безбожно дете На новата правда син. Среде ноќ волците вијат Низ празни булевари со подземен крик По кожа ми врват морници ладни В глава ми удира гонг. Од Исток до Запад Од Тибет до Урал: Terrible beauty is born! Над главата ми фрштат тешки јазици Од водата се ведат гнасни ѕверови Го држам силно в рака крстот железен Со верба дека сеуште сум со тебе Лажен сум бард на бродот наречен пропаст Поморец без очи и без глас Изгубен сум син на стравот од вода и од пламен Со глава нурната в длабок вир. Господи од верба венец исплети ми Над мојава глава пред напукнат ѕид. Смрт од вода, страв од потоп Изградете кораб, изградете мост И бидете спремни на жестока љубов Како на Оној, распнатиот на крст! Еве доаѓам по нив, Нема да одминам никого. В рака носам огнен жиг Посилен од нивното мастило Еве ме пак и пак, Немам страв но носам страшна пресуда И носам радосна вест: Твојата крв е нивна слобода! Над главата ми летаат бесни змејови Од очиве ми искрат молњи пламени Замавнувам со мечот косам пред себе Господи, ти си моето силно оружје! Зад мене летаат сили и престоли Бегајте гнасни ѕверој, змии, гуштери Одвнатре бликнува твојата светлина Ќе ги погубиме со убавина!