Kishore Kumar Hits

Duper - Sladoled lyrics

Artist: Duper

album: HYPER


Те изгубив за миг
Морам да те пронајдам
Меѓу музика и дим
Сакам да те досегнам
Ќе бидам се што не сум бил
Навечер ќе се променам
Што ти се допаѓа
Се друго ќе заборавам
Не можам да сфатам
Тебе што те допира
Од далеку те гледам
Ама не ми доаѓа
Во глава имам некој филм
Но полека ми пропаѓа
Барам логика
Се сомневам
Можеш ли со допир
Да ме стопиш како сладолед?
Да направиш да бидам изгубен
Во тебе, зарем не?
Отвори ја бар ноќва
Нека биде светла како ден
Разнеси ме на сите страни
Собери ме во себе
Се изгубив за миг кога кажа "Не сакам"
Се претворив во дим
Побрзо да исчезнам
Гледам вечерва не ни била судена
Не сме толку празна приказна
Можеш ли со допир да ме стопиш како сладолед?
Да направиш да бидам изгубен
Во тебе, зарем не?
Отвори ја бар ноќва
Нека биде светла како ден
Разнеси ме
На сите страни, собери ме
Како солитери јас стојам
Не помрднувам
Меѓу мрак и светлина
Не знам што да изберам
Солитери, јас стојам
Не помрднувам
Мрак и светлина
Не знам што да изберам
Можеш ли со допир да ме стопиш како сладолед?
Да направиш да бидам изгубен
Во тебе, зарем не?
Отвори ја бар ноќва
Нека биде светла како ден
Разнеси ме
На сите страни, собери ме

Поcмотреть все песни артиста

Other albums by the artist

Similar artists