Од сонцето Топол зрак сум здив кој плени волшебен Од реката Сум бистра, капка блескава Море сени и те опива Од оkото Врела солза сум со сказна искрена Од дланката сум Допир нежен, кадифен и мек Кој срце грее и те милува Патувам, патувам Каде ноќта ми е топла, светла Да, патувам Каде денот ми е долг и ведар Да патувам Каде јавето е исполнет сон Патувам, патувам Со празен ранец - полна душа Да, патувам Каде срце има мир и спокој Да, патувам Каде јавето е исполнет сон Од небото Крадам лет од граблив сокол возвишен На облак мек Глава ставам и се одморам Душа крепам па се вивнувам Патувам, патувам ... Каде ноќта ми е топла, светла Да, патувам Каде денот ми е долг и ведар Да патувам Каде јавето е исполнет сон И патувам, патувам Со празен ранец - полна душа Да, патувам Каде срце има мир и спокој Да, патувам каде јавето е исполнет сон